Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсовска: Ќе немаше проблем ако не беше поништена јавната набавка

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Советот на Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за Јавното сообраќајно претпријатие и побара да продолжат разговорите за нормализирање на состојбите во градот. На 15-та вонредна седница, координаторите на советничките групи постигнаа консензус и донесоа заклучок за координирано делување со ЗЕЛС за продолжување на разговорите со Град Скопје.

Градоначалничката Данела Арсовска ја истакна важноста на владината интервенција и објасни дека кризата не била резултат на лошо менаџирање на ЈСП, туку поради поништување на јавната набавка за нафта. Според неа, доколку не била поништена оваа јавна набавка, проблемот немало да постои.

Прашањето за долгорочната стабилност на јавниот превоз останува отворено, бидејќи ваквата состојба за граѓаните не е само технички проблем, туку резултат на политичките игри.