Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АСОМ: Ако се затворат легалните, ќе се отворат нелегални коцкарници по подруми врз кои државата ќе нема контрола

/

пред 1090 дена

Сподели преку :

Со измените на Законот за игри на среќа ќе се затворат домашните обложувалници и автомат клубови, реагираат Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа и Асоцијацијата на спортски обложувалници.

Ако се затворат легалните, ќе се отворат нелегални коцкарници по подруми врз кои државата ќе нема контрола. 10 илјади вработени ќе останат без работа, а државата без приходи од над 200 милиони евра годишно, реагираат тие.

Измените предвидуваат обложувалниците и автомат клубовите да се дислоцираат на 500 метри од училиштата. Тоа ќе значи и надвор од градовите. Во исто време, Државната видео лотарија распиша повик за странски партнери за приредување на игри на среќа за интернет.