Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Авионот кај Сао Паоло паѓал со брзина од 440 км./ч. – Бразил прогласи тридневна жалост

/

пред 802 дена

Сподели преку :

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост во земјата по авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице.

Ден по несреќата е анализа, а бразилските медиуми известуваат за детали на целиот лет – од полетувањето до кобниот момент. Според бразилски Глобо, авионот непречено достигнувал висина околу 35 минути. Кога се искачил на 5.000 метри, продолжил да лета 58 минути пред да почне да ја губи височината.

Авионот, според Глобо, паѓал 4.000 метри со брзина од 440 километри на час. Спиралниот пад што беше видлив на снимките, според познавачите на воздухопловните прилики, сигерира на прекин на работата на моторите, што може да се случи поради формирање на мраз на крилата, што на таа рута, како што велат, било можно.

Патнички авион со 57 патници и четворица членови на екипажот се урна вчера во местото Вињедо, во близина на Сао Паоло. Во нереќата немаше преживеани.