Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АВМУ со осуда за изјавата на лидерот на СДСМ со која тој етикетира медиуми

/

пред 971 дена

Сподели преку :

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија.

Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите, се вели во реакцијата на АВМУ.

Од таму додаваат дека етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници,.

Потсетуваат дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикуваат политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите и медиумските работници.