Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Австралискиот источен брег се мобилизира пред налетот на тропскиот циклон „Алфред“

/

пред 593 дена

Сподели преку :

Граѓаните на едед од најнаселените австралиски градови Бризбејн побрзаа да постават вреќи со песок пред налетот на тропскиот циклон кој се заканува да биде еден од најсилните во изминатите 50 години што ја погодил областа.

Циклон „Алфред“ се прогнозира да го мине брегот меѓу главниот град на државата Квинсленд, Бризбејн и туристичкиот град Голд Коуст на југ во текот на утрешниот ден или рано во петок, изјави менаџерот на Бирото за метеорологија, Мет Колопи.

Бризбејн и Голд Коуст се градови кои изминатиот период континуирано се шират и урбанизираат. Циклонот „Алфред“ е проследен со постојани ветрови со близина од 95 км. на час и со налети до 130 км. на час.

Се очекува да ја задржи својата сила и во моментот кога ќе стигне до копното. Во наредните денови се предвидуваат поројни дождови и поплави. Циклоните се вообичаени во тропскиот север на Квинсленд, но се ретки во умерениот и густо населен југоисточен дел на државата што се граничи со Нов Јужен Велс.

Од утре училиштата ќе бидат затворени, болниците ќе ги одложат сите операции кои не се итни, а јавниот превоз нема да сообраќа во погодената област.