Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека за време на новогодишните празници ќе има изменет режим на сообраќај на јавниот превоз, како и промени во работното време на билетарниците, на центрите за персонализација и на Жичницата.
Денеска (31 декември 2025 година) јавниот превоз ќе сообраќа по редовен зимски возен ред. Во четврток (1 јануари 2026 година), автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите линии ќе се одвиваат согласно неделниот распоред.
Од петок (2 јануари 2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Во однос на работното време на билетарниците и центрите за персонализација, утре шесте центри за персонализација, како и билетарниците на Зелено пазарче, Бутел пазар и во Ѓорче Петров ќе работат до 16 часот, додека останатите билетарници ќе работат само прва смена, до 14 часот.
На 1 јануари дежурни ќе бидат центарот за персонализација на Транспортен цетар (од 11-17 часот) и билетарницата на Жичница (од 11-17 часот).
Од петок, 2 јануари, сите билетарници и центри за персонализација продолжуваат со вообичаено работно време.
Жичницата утре ќе работи од 10 до 15 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот. Последното возење од долу кон врвот и од врвот надолу е во 16:30 часот.
Термини на први вклучувања на градски линии на 1 јануари 2026 година
- Линија 2 – 7:05 ч. од Автокоманда / 7:10 ч. од Сарај
- Линија 2А – 11:31 ч. од Железара / 11:45 ч. од Сарај
- Линија 3 – 10:30 ч. од Панорама / 9:45 ч. од Спортска сала „Јане Сандански“
- Линија 3Б – 8:45 ч. од Кванташки пазар / 9:30 ч. од Панорама
- Линија 4 – 11:40 ч. од Хром / 11:40 ч. од 11 Октомври
- Линија 4А – 14:43 ч. од Усје / 15:30 ч. Тафталиџе
- Линија 5 – 7:01 ч. од Н. Лисиче / 7:01 ч. од Дексион
- Линија 7 – 7:45 ч. од Г. Лисиче / 7:59 ч. од Карпош 3
- Линија 8 – 11:40 ч. од Љуботенски пат / 11 ч. од Влае
- Линија 9 – 8:06 ч. од Клинички центар / 8:41 ч. од Скопје Север
- Линија 15 – 6:38 ч. од Н. Лисиче / 7:23 ч. од Карпош 4
- Линија 15А – 7:26 ч. од Н. Лисиче / 6:45 ч. од Карпош
- Линија 16 – 7:30 ч. од Пржино / 7:05 ч. од Железара
- Линија 19 – 7:40 ч. од Карпош 4 / 8:10 ч. од Шуто Оризари
- Линија 20 – 7:40 ч. од Транспортен центар / 8.20 ч. од Шуто Оризари
- Линија 21 – 11:15 ч. од Транспортен центар / 12:05 ч. од Бардовци
- Линија 22 – 7:35 ч. од Транспортен центар / 8:25 ч. од Лепенец
- Линија 22А – 9:43 ч. од Клинички центар / 8:50 ч. од Лепенец
- Линија 23 – 7:45 ч. од Ченто / 8:41 ч. од Дом на печат
- Линија 24 – 8:50 ч. од Припор / 8:10 ч. од Тафталиџе 2
- Линија 25 – 10 ч. од Транспортен центар – 10:40 ч. од Средно Водно
- Линија 27 – 12:05 ч. од Дом на печат / 12:45 ч. од Вардарска
- Линија 41 – 7:27 ч. од Транспортен центар / 7:14 ч. од Драчево Типо
- Линија 50 – 7:08 ч. од Хиподром / 7:44 ч. од Клинички центар
- Линија 57 – 7:15 ч. од Радишани / 7:32 ч. од Козле
- Линија 59 – 11:35 ч. од Кучевишка бара / 10:50 ч. од Карпош
- Линија 65В – 8:13 ч. од Транспортен центар / 7:33 ч. од Стајковци, Брњарски .пат
Термини на први вклучувања на приградски линии на 1 јануари 2026 година
- Линија 18 – 13:25 ч. од Транспортен центар / 14 ч. од Визбегово
- Линија 31 – 12:15 ч. од Транспортен центар / 13 ч. од Д. Лисиче
- Линија 32 – 15:05 ч. од Транспортен центар / 15:50 ч. од Љубин
- Линија 47 – 10:40 ч. од Транспортен центар / 11:25 ч. од Љубанци
- Линија 51 – 12:05 ч. од Транспчортен центар / 13:10 ч. од Студеничани
- Линија 52 – 10:20 ч. од Транспортен центар / 11:10 ч. од Ржаничино
- Линија 53 – 8:45 ч. од Транспортен центар / 7:20 ч. од Катлановска Бања
- Линија 56 – 10 ч. од Транспортен центар / 11 ч. од Бојане
- Линија 58 – 13:30 ч. од Транспортен центар / 14:20 ч. од Добри дол
- Линија 58А – 7:10 ч. од Транспортен центар – 8 ч. од Света Петка
- Линија 58Б – 14:30 ч. од Транспортен центар / 15:30 ч. од Брзовец
- Линија 60 – 12:10 ч. од Транспортен центар / 13 ч. од Матка
- Линија 63 – 8:20 ч. од Транспортен центар / 9:20 ч. од Мралино
- Линија 63А – 14 ч. од Транспортен центар / 14:50 ч. од Ајватовци
- Линија 164 – 11:20 ч. од Волково / 11:30 ч. од Никиштани
- Линија 65 – 7:10 ч. од Транспортен центар / 8 ч. од Раштак
- Линија 66 – 7:10 ч. од Транспортен центар / 8:15 ч. од Бучинци
- Линија 67 – 7:50 ч. од Транспортен центар / 8:50 ч. од Зелениково
- Линија 68 – 10:20 ч. од Транспортен центар / 11:40 ч од Сушица
- Линија 70 – 10:45 ч. од Транспортен центар / 11:25 ч. од Батинци
- Линија 71 – 12:50 ч. од Транспортен центар / 13:40 ч. од Бањани
- Линија 74 – 12:30 ч. од Драчево / 12:50 ч. од Д. Количани
- Линија 81 – 11:40 ч. од Транспортен центар / 12:40 ч. од Горњани
Приватни превозници
Градски линии:
- Линија бр. 9: 9/1 во 7:03 ч. од Станица Север
- Линија бр. 12: 12/2 во 7:35 ч. од Шишево и 12/1 во 7:35 ч. од Саем
- Линија бр. 19: 19/1 во 7:44 ч. од Шуто Оризари
- Линија бр. 20: 20/1 во 7:40 ч. од Транспортен центар и 20/3 во 7:40 ч. од Шуто Оризари
- Линија бр. 22: 22/7 во 7:45 ч. од Транспортен центар
- Линија бр. 23: 23/1 во 7 ч. од Ченто и 23/2 во 7 ч. од Дом на Печат
- Линија бр. 45: сите служби започнуваат со работа од втора смена
- Линија бр. 73 во недела не сообраќа
Останатите служби од линиите. бр: 9, 12, 19, 20, 22 и 23 да започнуваат со работа од втора смена.
Приградски линии:
- Линија бр. 11: 11/1 во 8:30 ч. од Рашче, а 11/2 да не се вклучува
- Линија бр. 11А: започнува со работа од втора смена
- Линија бр. 47А: 47А/1 во 13:30 ч. од Транспортен центар
- Линија бр. 52 започнува со работа од втора смена
- Линија бр. 54 во недела не сообраќа
- Линија бр. 55: 55/1 во 8:05 ч. од Арачиново
- Линија бр. 61: 61/6 во 7:40 ч. од Побожје
- Линија бр. 63: 63/7 во 8:20 ч. од Мралино.











