Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автомобил-бомба во Москва – убиен руски генерал

/

пред 295 дена

Сподели преку :

Руски генерал е убиен утрово во експлозија на автомобил во Москва, потврди рускиот Истражен комитет. Според офиоцијалните податоци, станува збор за генерал-полковник Фанил Сарванов, началник на управата за оперативна обука на војската на Генералштабот на Оружените сили на Русија.

Експлозијата се случила во моментот на влегување на Сарванов во автомобилот. Експлозивната направа, според истражителите, најверојатно била поставена под седиштето.

Руските истражни органи соопштија дека разгледуваат неколку верзии за нарачателите извршителите на нападот од кои една се однесува на можна вмешаност на украинските специјални служби. Официјален Киев засега е без коментар за настанот.

Сарванов во текот на долгата воена кариера учествувал во бројни оружени конфликти и воени операции. Беше ангажиран во воени операции во Чеченија во периодот од 1992 година до 2003 година, во конфликтот меѓу Осетија и Ингушетија, во руските воени операции во Сирија во 2015 година и во 2016 година, како и во војната против Украина која трае од 24 февруари во 2022 година.