Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автомобил удри во возило од конвојот на американскиот претседател, нема повредени

/

пред 1045 дена

Сподели преку :

Автомобил налета на паркирано теренско возило од конвојот на американскиот претседател Џо Бајден додека тој излегуваше од седиштето на изборната кампања во државата Делавер.

Американскиот претседател и првата дама Џил Бајден не се повредени.

Додека Бајден се движеше до оклопното теренско возило што го чекаше пред седиштето, автомобил удри во возило на тајната служба што затвори блиска раскрсница.

По несреќата, автомобилот се обидел да продолжи во затворената раскрсница, но луѓето на тајната служба го опколиле и го уапсиле возачот.

Бајден набрзо бил внесен во возилото што го чекало и заедно со неговата сопруга биле однесени до резиденцијата.