Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

/

пред 471 дена

Сподели преку :

Педесет и четиригодишен маж од скопското село Трубарево е уапсен под сомнение дека извршил сериозна измама над брачен пар од Берово, од коj во период од три години успеал да извлече околу 400.000 евра. Тој се претставувал како „бајач“ и „Божји човек“ со паранормални способности, уверувајќи ги оштетените дека нивниот син е под влијание на црна магија и дека само тој може да го спаси.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, измамата се одвивала од 2022 до 2025 година, при што осомничениот Д.И. во повеќе наврати организирал средби со оштетените на различни локации во Скопје и Берово.

Во секоја од тие средби барал и добивал износи од по 5.000 до 6.000 евра за наводна „помош“.

Освен осомничениот, уапсена е и неговата мајка, а при претрес во нивниот дом пронајдени се 3.000 евра и други предмети поврзани со делото.

По насоки на јавен обвинител од ОЈО Кочани, полицијата презела координирана акција во која се извршени претреси и собрани докази за продолжено кривично дело „измама“.

Двајцата осомничени се изведени пред судија за претходна постапка во Основниот суд во Кочани, а истрагата за случајот продолжува.