Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден најави помилување за американските ветерани осудени за хомосексуалност

/

пред 848 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави отпочнување на процес за помилување на воените ветерани осудени за хомосексуални односи, кои беа незаконски во американската војска се додека таа одредба не беше укината на крајот на 2013 година.

Како што објави Ројтерс, администрацијата на Бајден проценува дека оваа мерка може да се однесува на илјадници лица, поранешни припадници на американската војска, осудени и отпуштени од вооружените сили поради хомосексуални односи.

Припадниците на војската  стојат на бедемот на слободата и ги ризикуваат своите животи за да ја одбранат нашата земја. И покрај нивната храброст и голема пожртвуваност, илјадници членови на ЛГБТКИ+ заедницата беа принудени да ја напуштат војската поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет, рече Бајден во изјавата.

Тие сега би можеле да бидат подобни за помилување, а американските власти размислуваат кои поранешни припадници на војската би можеле да ги исполнуваат условите.