Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден не очекува брз прекин на огнот во Газа

/

пред 860 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека не очекува да се постигне договор за прекин на огнот во Газа во блиска иднина, „бидејќи предлогот поддржан од САД и меѓународната заедница не е целосно прифатен или од Израел и од Хамас“.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ги негираше тврдењата дека Израел не е целосно посветен на предлогот за прекин на огнот со Хамас.

Според него Израел го прифатил предлогот, а Хамас на планот понудил свои амандмани.

Хамас вели дека бараните промени имаат за цел да гарантираат траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските трупи од Газа.

Предлогот за прекин на огнот објавен од Бајден ги вклучува тие одредби, но Хамас изрази претпазливост околу тоа дали Израел воопшто ќе ги спроведе условите и побара писмени гаранции дека договорот ќе се спроведе во целост.