Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден: Нетанјаху му штети на Израел затоа што не го спречува страдањето на цивилите во Газа

/

пред 958 дена

Сподели преку :

„Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повеќе му штети, отколку што му помага на Израел“, изјави американскиот претседател Бајден кој го поддржа Израел во потерата по Хамас – палестинска екстремистичка организација која САД и Европската унија (ЕУ) ја сметаат за терористичка.

Челникот на Белата куќа и претходно предупредуваше дека Израел ризикува да ја загуби меѓународната поддршка поради зголемениот број цивилни жртви во Газа.

Хамас на 7 октомври заедно со сојузничките палестински екстремистички организации, уби околу 1.200 луѓе, главно цивили, на јужната израелска територија и киднапираше повеќе од 250 заложници.