Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден: Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД

/

пред 842 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден, по одлуката на американскиот Врховен суд со којa на Доналд Трамп и на другите претседатели им даде широк имунитет од кривично гонење, рече дека пресудата го поткопува владеењето на правото.

Според него, никој не е над законот, дури ни претседателот на САД. Судската одлука, речиси, сигурно ќе исклучи судење за Трамп за насилните немири на 6 јануари 2021 година пред изборите во ноември на кои ќе биде републикански кандидат за претседател.

Американскиот Врховен суд вчера донесе историска пресуда за случајот на Доналд Трамп, кој побара да одлучи дали како поранешен претседател има имунитет од кривично гонење.

Со шест гласа „за“ на конзервативците и три гласа „против“ на либералите, највисокиот суд во Америка одлучи дека поранешните претседатели имаат апсолутен имунитет од кривично гонење за дела сторени додека биле на функција.