Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден под притисок да удри врз Иран по смртоносниот напад врз американска база во Јордан

/

пред 1000 дена

Сподели преку :

Убиството на тројца американски војници и повредувањето на повеќе десетици го зголеми притисокот врз претседателот Џо Бајден за задавање на директен удар врз Иран, земја за која се верува дека ги поддржува милитантите кои се сметаат за одговорни за нападот. Неговите опции за одговор се протегаат од таргетирање на ирански сили или внимателен одмазнички напад, исклучиво против одговорните милитанти кои уживаат иранска поддршка. Тој лично, пак, порача дека САД ќе одговорат по нападот со беспилотно летало во кој настрадаа тројца американски војници во Јордан, а десетици други беа ранети во близина на границата со Сирија.

Осуда за нападот во Јордан дојде од поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Рече дека светот е на раб на Трета светска војна. Администрацијата на Бајден ја обвини за предавство и слабост и порача дека нападот немало да се случи доколку тој би бил во Белата куќа. Но, го повтори и ставот дека ќе немаше војна во Украина, ако тој бил на местото на Бајден. Републиканската кандидатка за претседател на САД, Ники Хејли го нараче нападот срамен.

  • Ова е прв смртоносен напад врз американски војници во регионот од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Портпаролот на јорданската влада изјави дека нападот бил насочен кон базата Ал Танф во Сирија. Американските сили се стационирани во неа од 2016-та година, како дел од меѓународната коалиција против Исламска држава, Ники Хејли, републиканска кандидатка за претседателка на САД.

Според информации на медиумите, голем дрон ја погодил базата, позната како Кула 22. Таа се наоѓа долж сириската граница и главно се користи од војници вклучени во мисијата за советување и помош за јорданските сили. Малата база која Јордан не ја открива јавно, вклучува американски инженери, авијација, логистика и безбедносни трупи.

Иранската мисија во Обединетите нации се огласи со соопштение во кое наведува дека Техеран нема никаква врска со нападот. Оттаму, исто така, додаваат дека „постои конфликт меѓу американските сили и групите на отпорот во регионот, кои возвраќаат на нападите. Нападот претставува нова опасност од можна ескалација на и онака напнатата ситуација на Блискиот Исток.

Сашко Димовски