Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден: Во Америка нема место за вакво политичко насилство

/

пред 812 дена

Сподели преку :

Само еден час по обидот за атентат врз Доналд Трамп, американскиот претседател Џо Бајден остро го осуди настанот, нарекувајќи го „болен“ и порачувајќи дека во американската политика нема место за такви работи.

Мораме да се обединиме како нација и да го осудиме, рече Бајден од својот дом во Делавер.

Од Белата куќа додадоа дека Бајден му телефонирал на Трамп откако ја напуштил болницата во Батлер, додека пак менаџерот на неговата кампања за американските медиуми изјави дека ги повлекуваат сите политички реклами од телевизиите.

Среќен сум што е безбеден и добар. Се молам за него и неговото семејство и за сите кои присуствуваа на митингот. Џил и јас сме благодарни на Тајната служба која го извади од таму, рече Бајден.

Покрај Бајден, обидот за атентат го осуди и потпретседателката Камала Харис, поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон, и поранешната спикерка во Претставничкиот дом Ненси Пелоси.