Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден во проштален говор предупреди на создавање „опасна олихархија“

/

пред 642 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Џо Бајден, во своето последно обраќање пред предавањето на власт на Доналд Трамп, предупреди на формирањето на „опасна олигархија“ на ултра-богати луѓе кои како што рече се вкорениле во земјата и на „техно-индустрискиот комплекс“ што ги загрозува правата на Американците и демократијата.

Бајден изрази загриженост за концентрацијата на моќ и богатство, која, како што рече, може да има опасни последици ако не се контролира.

Тој се повика на предупредувањето на претседателот Двајт Ајзенхауер за воено-индустрискиот комплекс и предупреди на можниот пораст на технолошките гиганти кои претставуваат закана за демократијата.

Бајден исто така повика на уставни промени за да се ограничи имунитетот на претседателите, по одлуката на Врховниот суд која му овозможи на Трамп да избегне кривична одговорност за обидите да го поткопа изборниот пораз во 2020 година.