Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бакнежи испратени во воздух направија хаос на собраниската седница

/

пред 1101 дена

Сподели преку :

Бакнежи испратени во воздух и намигнување од вицепремиер до пратеничка од опозицијата направија хаос на собраниската седница за пратенички прашања. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, бурно реагираше на однесувањето на вицепремиерот Маричиќ, за време на нејзиното обраќање од говорницата.

Караницата настана по прашањето на пратеник за пензионерските плати, по што министерката обвини дека пензионерите се политички инструирани.

Опозицијата повторно бараше оставки и одговорност од повеќе министри, вклучително и за случајот со Онкологија.

Писмениот одговор на прашањето наменето за земјоделците во Овчеполието, пак, доведе до нови обвинувања.

По пишувањето на „Гардијан“ кој ја рангираше Македонија како најзагадена држава во Европа, опозицијата побара оставка и од министрката Шукова. Но, таа одговори дека, статијата во британскиот весник е нецелосна и не го содржи податокот дека во последните шест-седум години се вложува многу во намалување на загадувањето на воздухот.

Далиборка Дамјанска Цветановска