Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Балкан Јутилитис“, која ЕСМ ја избра за снабдување со гас, поврзана со рускиот олигарх Лебедев

/

пред 1385 дена

Сподели преку :

Македонските медиуми, но и медиумите од регионот со загрижувачки информации за бугарската компанија од која Македонија ќе купува гас во наредните 4 месеци. Компанијата „Балкан Јутилитис“ е поврзана со рускиот олигарх Александар Лебедев и со многу други сомнителни зделки на релација Русија, Грција, Бугарија, Кипар, Девствени острови, пишува порталот МКД.мк.

Според дел од информациите кои ги пренесуваат и грчките медиуми компаниите на милијардерот Лебедев, кој е сопственик на енергетскиот гигант „Синтез“ кој работи со природен гас и во Грција, се поврзани и со заеми од офшор компании, а весникот „То Вима“ уште во 2019 година напиша дека компанијата „Балкан јутилитис“ е активна во секторот за природен гас и во Македонија.

„Балкан јутилитис“ е регистрирана во 2003 година под дејноста „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“ а годинава, на 15 септември бугарската компанија добива 10-годишна лиценца за „трговија со природен гас“. Според официјалните податоци на бугарската регулаторна комисија, оваа компанија во последните три години се соочувала и со финансиски слаби резултати во своето работење.