Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Кроасани и сокче“ тоа може да се купи со 140 денари пари за студентски оброк

/

пред 971 дена

Сподели преку :

Кроасани и сокче, ова се производите кои можат да се купат со еден студентски оброк од 140 денари. Дел од студентите се задоволни со сумата и сметаат дека можат да си дозволат оброк со тие пари, а дел од нив велат дека сумата е ниска и незадоволителна за квалитетен оброк.

  • „Ако сакаш да си купиш еден обок во текот на денот оваа сума сметам дека е доволна. Со 140 денари можеш да си купиш за дома јогурт и млеко и тоа е доволно за еден оброк. Но, тоа никако не се смета за луксуз, туку е само еден оброк кој е доволен како што и го носи името студентски оброк.“
  • „Мислам дека не е доволно затоа што со 140 денари тешко е да се купи нешто подобро за јадење. Со толку пари може да се купи само баничка и вода.“
  • „Мислам дека не е доволно 140 денари. Не можат да се купат многу работи само нешто ситно од пекара“ – велат студентите пред камерата на Телма.

Екс премерот Димитар Ковачевски не одговори конкретно на прашањето што тој лично би купил со таа сума. Меѓутоа смета дека таа сума засега  е доволна, иако треба да се разговара за да се зголеми. Во минатото немаше студентски оброк, а сега сите студенти добиваат оброк од 140 денари дневно, потенцираше лидерот на СДСМ.

До први март, студентите сумата од 140 денари мора да ја користат во ист ден, но со законските измени од наредниот месец, рокот за користење се зголемува на цела недела до сабота навечер и студентите ќе може да ги соберат и до 840 денари за еден шопинг на храна.

Тамара Марковска