Граѓани кои денеска се собраа во Кочани, бараат одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица. Пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот.
Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“.
Во пожарот во дискотека во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.











