Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектеши – инспекциските тимови уште вчера започнаа со проверка кај големите ланци на маркети и граѓаните да пријавуваат неправилности

/

пред 1108 дена

Сподели преку :

Министерот Крешник Бектеши денеска излезе во контрола на маркетите за да види и да се увери дали на терен се спроведува владината одлука за замрзнување на цените.

  • „Од влегувањето во сила до овој момент, задоволни сме како се почитува владината Одлука од страна на трговците“, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши во врска со поевтинувањето на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

Тој повтори дека од идната недела ќе се намалат за минимум десет проценти и цените на пијалаците.

Инспекциските контроли, истакна министерот, ќе продолжат до крајот на ноември, а секоја недоследност, како евентуално недоволно снабдување со одредени производи во маркетите, граѓаните треба да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат.

Од вчера 50тина производи се под мраз, а за да им биде појасно на граѓаните кои артикли се опфатени со поевтинувањето тие треба да бидат означени со посебна ознака на која пишува „Гарантирана цена“.

Граѓаните и денеска реагираат дека намалувањето е мало бидејќи како што велат претходно се дозволи енормен пораст, па сегашните десет отсто речиси и да не се чувствуваат во семејниот буџет.

Бектеши рече дека инспекциските тимови уште вчера излегле на терен во проверка кај големите ланци на маркети. Тој тврди дека одлуката за „гарантирана цена“ на прехранбените продукти била донесена по предходна консултација со првите луѓе на Стопанските комори и дека голем дел од нивните предлози биле прифатени.

Денар поевтина паштета, три денари поевтин леб, ама кутија наполитанки цели 20 денари-млак дочек на новите гарантирани цени меѓу граѓаните