Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектеши со „шеговит“ одговор дали ќе има гас во државата: Ако може со авион да се носи, ќе продадеме голема иновативност

/

пред 1513 дена

Сподели преку :

Енергетската криза во Македонија и огромните проблеми со кои се соочува државата во поглед на снабдувањето со енергенси, очигледно не влијаат негативно врз смислата за хумор на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој и во овој сериозен миг одлучи „шеговито“ да одговори на новинарското прашање дали ќе има гас и навреме ќе почне грејната сезона

„Имаме една понуда за гас, да закупиме капацитети во Унгарија и Австрија. Тие што ја даваат оваа препорака и понуда, утре тука сме ние и преку викенд можеме да работиме, веднаш ќе закупиме, само да ни кажат како ќе го донесат во Северна Македонија. Ако природниот гас може со авион да се носи во Северна Македонија, тогаш ние сме подготвени. И тоа ќе бидеме голема иновативност што ќе му ја продадеме на светот“ – одговори Бектеши