Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Белата куќа со голем оптимизам за мировен договор во Украина

/

пред 316 дена

Сподели преку :

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп гледа „многу оптимистички“ на изгледите за постигнување на договор за прекин на војната во Украина, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

„Владата се чувствува многу оптимистички. Вчера имаа многу добри разговори со Украинците на Флорида“, истакна Левит.

Украинската делегација беше предводена од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, додека американската страна ја предводеше државниот секретар на САД, Марко Рубио.

По консултациите, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „добри шанси“ за постигнување договор за прекин на војната.