Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Белата куќа испраќа висок функционер на Советот за национална безбедност на Блискиот Исток да работи на договор за заложниците

/

пред 1013 дена

Сподели преку :

Белата куќа соопшти дека испратила висок функционер на Советот за национална безбедност на Блискиот Исток за да помогне во преговорите за договор меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците кои беа грабнати по нападите на 7 октомври.

Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, изјави дека координаторот на Советот за национална безбедност за Блискиот Исток, Брет Мекгурк, неделава е во Доха и има „многу сериозни и интензивни дискусии“ за можноста за нов договор.

Повеќе од 100 заложници остануваат во заробеништво на Хамас, меѓу кои и шест Американци.

Хамас соопшти дека нема да ослободи други додека Израел не ја заврши војната.

Меѓувреме Министерството за надворешни работи на Катар објави дека е постигнат договор меѓу Израел и Хамас во соработка со Франција со кој се дозволува во земјата да влезе хуманитарна помош и медикаменти за цивилите во „најранливите области“ на Газа во замена за испорака на лекови до Израелски затвореници во Појасот.