Во рамките на фестивалот РУТА, што се одржува во Драмскиот театар, вечерва ќе гостува Белградско драмско позориште со претставата „Самрак на боговите“ во режија на неодамна починатиот Јагош Марковиќ.
„Самрак на боговите“ е работена според истоимениот филм на Лукино Висконти, специфичната драматуршка стилизација е на Ивор Мартиниќ која ги загатнува падот на старата Германија и раѓањето на нацизмот.











