Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бензините поскапуваат за денар и половина, дизелот за денар – нови цени на горивата од полноќ

/

пред 556 дена

Сподели преку :

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 76,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 79 денари, Еуродизел за 69 денари, колку што ќе чини и литар Екстра лесно масло за горење.

Со одлуката на РКЕ за 0,95 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и ќе изнесува 41,705 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,381 отсто, кај дизелот за 1,884, кај екстра лесното масло за 1,987 и кај мазутот за околу 2,396 отсто.