Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

БЕСА кани на средба, ДУИ се против

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

Со уставните измени да се смени и амандманот 5 од Уставот и формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ да се смени со „албански јазик“. Ова е темата на која ќе се разговара, доколку партиите на Албанците ја прифатат поканата на Беса за средба.

Ова е барање и на Алијанса на Албанците и Алтернатива, кои пак, бараат процентот да се избрише и на ниво на општините.За ДУИ, сега не е момент за нешто такво, промената треба да се случи во нормален политички процес.

За менување на Уставот е потребно двотретинско мнозинство, односно 80 гласови во Собранието, што значи дека тоа нема да биде можно без гласовите на ДУИ, но и на ВМРО-ДПМНЕ кои се против.

Далиборка Демјанска Цветановска