Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ

/

пред 509 дена

Сподели преку :

Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ (М-НАВ), објави Македонската берза.

„Ве известуваме дека е извршена промена кај членовите на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и
давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје. Со Одлука на Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје за член на Надзорниот одбор е избран Бесир Шабани“, стои во објавата на Берзата.

Согласно настанатата промена, Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје е во состав од членовите: Горан Јандреоски, претседател, Милорад Милановиќ, член и Бесир Шабани, член.