Движењето „Антикоцкање“ бара средба со властите и нивно учество во формирањето на нов закон за игри на среќа. Сакаат да знаат што се променило досега и до каде се со донесување на закон за игри на среќа. Тие констатирале дека се зголемува бројот на објектите на игри на среќа, па велат се решени за посилно дејствување.
„Им испративме покана за средба двапати, но до ден денес не добиваме одговор од нив. За жал, коцкањето беше актуелна тема само во кампања. Болката на граѓанинот беше злоупотребена. Понекогаш се реагираше со остри тонови и со емоции до степен што се даваа бескрајни ветувања само за да се освојат повеќе гласови“, изјави Џемал Абдиу од движењето „Антикоцкање“.











