Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без плата и здравствено -Вработени во фирми основани од Паркови и зеленило на протест

/

пред 440 дена

Сподели преку :

Останале два месеца без пари и здравствено осигурување па излегоа на улица. Вработените во „Флораком“ и „Луна“ фирми основани од ЈП „Паркови и зеленило“ поставија шатори, два часа го блокираа дел од булеварот Илинден и гласно порачаа или плата до крајот на неделава или од понеделник повторно на протест.

„За жал нашите напори да се сретнеме со раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје не вродија со плод и повторно наидуваме на еден игнорантски однос и покрај тоа што од страна на советот на градот Скопје пред десет дена на ЈП „Паркови и зеленило“ беа изгласани субвенции во висина од 80 милиони денари. Очекувавме дека со тие изгласани субвенции од страна на советот на град Скопје дека ќе бидат исплатени овие две плати меѓутоа за жал вработените повторно останаа без плата. Доколку платата за јуни и платата за јули не биде исплатена денес и во наредните денови ние ќе продолжиме со блокирање на истиов булевар, односно нашите протести ќе бидат секојдневни се до исполнување на барањата за исплата на плата на вработените“, вели Столе Кашиковски претседател на СУТКОЗ.

Кашиковски смета дека овие вработени не се третирани еднакво како нивните колеги од Паркови и зеленило и секогаш парите ги добивале подоцна.

„Паркови и зеленило земаа пред десетина дена плата за месец јуни и таа ја земаа со задоцнување од скоро три недели и како што реков беше ветено дека во иднина после тој протест што го одржавме на 17.7 и вработените во Флораком и Луна ќе ги земаат во исти период односно во исти ден платите со вработените во Паркови и зеленило но за жал повторно бевме излажани и вработените се оставени без плата“, вели Столе Кашиковски претседател на СУТКОЗ.

Го контактиравме директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ за да го прашаме зошто овие вработени немаат земено плата но иако ни вети одговор не добивме.

Фирмата Флораком ДООЕЛ Скопје прво е основана од Јавното комунално претпријатие Комуналец во 1991- та година, а десет години подоцна преминува во рацете на ЈП Паркови и зеленило. Целта е хортикултурно уредување на различни површини и производство на расад. Фирмата Луна ДООЕЛ Скопје пак е формирана во 2001-та година од страна на Паркови и зеленило и е регистрирано друштвото за дејности на забавни и тематски паркови.

Симона Петровска