Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Безбеден град“ регистрирал вкупно 650 сообраќајни прекршоци

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ се регистрирани вкупно 650 сообраќајни прекршоци.

Од нив, најголем дел, 590, се за возење со брзина над дозволеното, додека 36 се за минување на црвено светло, а 24 за нерегистрирани возила.

Воедно, изречени се 61 забрана за управување моторно возило, со цел да се зајакне безбедноста на патиштата и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за да се обезбеди поголема безбедност на територијата на целата држава.