Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, ги следиме радикалните струи во регионот – вели министерот за одбрана, Мисајловски

/

пред 698 дена

Сподели преку :

Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, но во регионот може да оперираат многу радикални структури.

Ова денеска го кажа министерот за одбрана Владо Мисајловски, откако вчера се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот за безбедност.

Евроинтеграциите се стратешко прашање и од безбедносен аспект. На Западен Балкан е особено важно да се следат сите повратници од „жариштата“ во други области.

Знаете, Западен Балкан е Западен Балкан. Тука мора да ги следиме сите ќелии, сите структури, сите повратници од некои „жаришта“. И ние мора да бидеме постојано будни. Многу важна работа за безбедноста на кој било во нашата држава е да бидеме дел од ЕУ. И тоа е поврзано со многу други ризици – за економската безбедност, со многу млади луѓе коишто ќе си заминат, и така натаму, кажа Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Експертите за безбедност сметаат дека фокусот во идниот период треба да биде ставен на домашната и националната безбедност.

Безбедносната состојба во некои области од Европа и светот е ранлива, поради тоа се најавува бран од илјадници мигранти, а со тоа опасноста се прелева и во регионот, смета професорот на Факултетот за Безбедност, Марјан Ѓуровски.

Заради ранливоста на безбедноста и влијанијата кои ги имаме пред се од руската војна во Украина и тоа што се случува со Израел и тамошниот конфликт, сметам дека најавениот нов бран на мигранти безбедносно го прави ранлив регионот, а оттука и нашата држава. Поради тоа, економската безбедност и социеталната безбедност се сектори и ризици кои дополнително ќе претставуваат безбедносни ризици во земјата, кажа проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за Безбедност.

На денешната конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на НАТО-Алијансата, министерот за одбрана Владо Мисајловски најави нови инвестиции за модернизација на Армијата Ии се заблагодари на придонесот на партнерите во размената на информации, клучни за безбедноста.

Најави и дека денеска, на затворена владина седница се одлучува за нов пакет помош од Македонија за Украина.

Петар Догов