Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Билд: Германската економија ќе загуби 194 милијарди евра за шест месеци поради прекинот на испораката на гас од Русија

/

пред 1572 дена

Сподели преку :

Ненадејното намалување на испораките на гас од Русија ќе доведе до пад на германската економија за 12,5 отсто, што ќе влијае на 5,6 милиони работни места во земјата, објави Билд.

Весникот се повикува на студија презентирана од Баварската бизнис асоцијација.

„Федералната влада веќе прогласи аларм за гас“, изјави Бертрам Бросард, извршен директор на Баварската бизнис асоцијација. Акциите на Русија продолжуваат да бидат непредвидливи“.

Во пресметките што за АББ ги подготви „Прогнос АГ“, компанија за економски анализи, како основа беше искористено замрзнувањето на снабдувањето од 1 јули.

„Зависноста на германската економија од рускиот гас е потценета“, вели Мајкл Бомер од Прогнос АГ.

Директно погодените сектори, вклучително и индустријата за стакло, челик и храна, ќе мора да се помират со загуби од 49 милијарди евра.

Загубите ќе влијаат на синџирите на производство и снабдување во другите индустрии. Во втората половина на 2022 година се очекуваат загуби од 144 милијарди евра.

Вкупно за шест месеци загубите изнесуваат 193 милијарди евра.