По денешното гласање за ректор на УКИМ актуелната ректорка Биљана Ангелова е реизбрана. Новиот мандат ќе и трае три години, започнувајќи на 16-ти септември и ќе и трае до септември, 2029 година.
Ангелова е професорка од Економскиот институт, а проф. д-р Дарко Данев кој и беше противкандидат е редовен професор и поранешен декан на Машинскиот факултет на УКИМ. Досегашната ректорка, како што се стои во Записникот, освоила 2.924 поени, а Данев освоил 2.675 поени.
Се очекува одлуката да биде официјално објавена од Универзитетската изборна комисија која го спроведе денешното гласање.











