Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битиќи: Ребалансот на буџетот е розев само за владата

/

пред 463 дена

Сподели преку :

Со розеви очила на лицето се појави пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи на  денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот за 2025 година кој го предлага Владата. Тој на комисиската расправа истакна дека  само за Владата ребалансот на буџетот е розев, а тој всушност е признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит. Битиќи им порача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе им ги остави очилата, но не се „Прада“ какви што носат тие, туку социјалдемократски.

Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент. Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре?“ , рече Битиќи.

Расправа за ребеланс на буџет