Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битола во магла и смог, воздухот екстремно загаден

/

пред 638 дена

Сподели преку :

Цела недела Битола е обвиена во магла, а битолчани дишат отровен воздух. Заклучно со денес 23 јануари, вкупно 16  дена има високо аерозагадување, покажуваат податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на амбиенталниот воздух.

Граѓаните се жалат  на здрaвствени проблеми од загадениот воздух, а  посебно се чувствителни децата, повозрасните и хронично болните.

-Страшна работа, сите ќе изумреме. Ме пече, кашлам имам два стена, дома седам не одам никаде, денес првпат излегувам. Страшна работа, ова никаде го нема, пари имаме за се, само за здравјето немаме пари, вели битолчанец.

-Отежнато дишењето, се чуствствува печење, се бориме ние повозрасните., вели друг граѓанин.

-Носам маска, тешко ми е,  чувствувам гушење во грлото, вели битолчанка. 

И граѓаните од пелагониските села во близина на РЕК Битола, се жалат на загадувањето.

-Тешко се дише , многу е загадено, чувствувам тегоби во градите, се осеќа мирис. Јас сум од Новаци, во близина е РЕК Битола, тоа  е катастрофа невидена, вели жител на Новаци. 

Општината соопшти дека на мерната станица Битола 2   надминат  е прагот за информирање од 100 мг/м3  на  на  ПМ10 суспендирани честички во текот на два последователни дена. 

Концентрацијата на 20 и 21 јануари изнесуваа 109 и 172 микрограми на метар кубен.

Од локалната самоуправа потсетија на препораките-граѓаните да не ги користат возилата без поголема потреба и да користат јавен превоз, да не горат отпад.

Ги  пренесоа и препораките на здравствените власти, да се ограничи движењето на отворен простори, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија.

Покрај индустријата и РЕК Битола, меѓу најголемите загадувачи во Битола се домаќинствата, но и државните и општинските установи, болницата, училишта, градинки, административни згради кои користат огревно дрво,  јаглен, нафта.

Емилија Мисирлиевски