Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битолчани излегоа на улица, маршираа со повици за одговорност

/

пред 583 дена

Сподели преку :

„Или се селиме, или живи гориме“ „Рацете ви се крвави“,  „Сите сме во иста дискотека веќе 35 години“,  Со овие  пароли река битолчани вечерва  се слеа   по битолски Широк Сокак  на протестен марш под мотото „Корупцијата убива“.  Со болка и тага им одадоа  почит на жртвите  во пожарот  во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Извикот бараме правда одекнуваше низ главната битолска улица.

Изразија голем револт и разочараност во државата и институциите, и побараа  одговорност за сите оние кои придонеле за оваа трагедија  и да запре корупцијата која до темел го уништи општеството.

Протестниот марш  заврши со седум минутен молк пред Офицерскиот дом во Битола, каде во воздухот беа пуштени 59 балони за помен на младите починати во пожарот.

Емилија Мисирлиевска