И оваа зима аерозагадувањето во земјава урива рекорди. Скопје, Битола, Тетово и Струмица се на врвот на листата со екстремено загаден воздух. Битолчани од 15 јануари во континуитет дишат отровен воздух, а концентрациите на ПМ 10 честичките последните денови се два до три пати повеќе од граничните вредности. Покрај РЕК Битола, најголеми загадувачи се домаќинствата и јавните објекти кои се затоплуваат на фосилни горива. Болестите предизвикани од аерозагадувањето добиваат епидемиски размер, а граѓаните најмногу се жалат на респираторни проблеми
,,Многу е лошо, ние сме стари, тешко ни е дишењето, но мора да излеземе, младите ни заминаа, мора да пазариме сами”
,,Ова не е проблем од вчера, од поодамна е. Мислам дека не е проблемот само во РЕК, има влијание, но има граѓани кои горат отпад. Треба ригорозно да се казнуваат” – велат битолчани
Високо загадување со ПМ10 честичките има и во Струмица. Но, екологистите го отвораат парашањето и за зголемените концентрации на сулфур диоксидот во струмичкиот воздух, чие ниво е повисоко од сите останати градови во земјава
-Струмица не е индустриски град, нема автомобили колку другите градови, 40 проценти од домаќинствата се затоплуваат на дрва, сите јавни институциите се гасифицирани. Затоа се поставува прашањето од каде толку сулфур диоксид во Струмица? Наше мислење е дека некои индустриски капацитети согоруваат нешто што не треба да согоруваат, а при тоа немаат ниту филтри за таа работа, вели Ѓорѓи Танушев, од Здрава Котлина.
Во Тетово, од почетокот на јануари 20 дена концентрацииите на ПМ 10 честичките биле над гранините вредности само. Лани пак, имало трипати поголем број денови со аерозагадување, од дозволенте 35 колку што пропишуваат здравствените стандарди.
,,Цела недела не сме излегле, многу магла. Не прават надлежните ништо, ниту за воздухот”.
,,Гушење, кашлање, многу гадно… Навечер не се излегува, не знам од каде е ова, и проано дрва се гореа. Никој ништо не прави, не знам како ќе се живее ”- велат тетовчани
Поразителни се податоците за начинот и видот на гориво кое го користат јавните државни и локални установи. На огревно дрво, нафта и други фосилни горива се затоплуваат над 700 јавни објекти, меѓу кои училишта, детски градинки, болници, па дури и здравствени установи кои лекуваат пациенти од белодробни заболувања. Од Министерството за животна средина деновиве соопштија дека општините вршат вонредни инспекциски надзори за контрола на фирми, на градилишта, а се спроведуваат и други активности. Но, експертите се категорични, нема да има видливи резултати додека не се отпочен со мерките кои драстично ќе го намалат аерозагдувањето, а тоа е промена на системите за загреавање, па потоа или паралелно да се спроведуваат и сите останати мерки .
ЕМИЛИЈА МИСИРЛИЕВСКА











