Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Блинкен на состанок на министрите за надворешни работи на НАТО – САД со нов пакет помош за Украина „тежок“ 725 милиони долари

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претпладнево пристигна во Брисел на состанок со министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Посетата на Блинкен доаѓа по вчерашната објава на Стејт департментот за подготвеноста на САД да испратат нов пакет на воена помош за Украина во вредност од 725 милиони долари.

Пратката ќе вклучува беспилотни летала, противпешадиски мини и артилериска муниција за ракетните системи со висока мобилност. Засега е нејасно дали и муниција за Химарс и ракети Атакамс, на кои инсистира Киев, ќе бидат дел од пакетот.

Со најновиот одобрен пакет на воена помош, се остваруваат ветувањата на претседателот Џо Бајден за искористување на сите средства за Украина што беа одобрени во Конгресот оваа година.