Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Болницата за белодробни заболувања кај деца „Козле“ повторно има вода – сите оддели се ставени во функција

/

пред 462 дена

Сподели преку :

Проблемот со водоснабдувањето во болницата „Козле“е решен. По ден и половина без капка вода, објектот повторно е приклучен на мрежа и работи во нормални услови.

Од клиниката потврдуваат дека веќе имаат вода и дека сите оддели се ставени во функција.

Но, додека болницата повторно функционира, маката продолжува за жителите на околните населби.

Велат дека со денови вода имаат само ноќе, што им го отежнува секојдневието.

Од Водовод апелираат на рационално користење на водата – особено во екот на летните горештини. Проблемите не се од вчера, туку се таложат подолго време. Рационалното користење е клучно за надминување на проблемот со намалениот притисок, велат од Водовод.

Инспекторите се на терен и лоцираат нелегални приклучоци, односно кражби на вода.

Од Водовод забележуваат дека потрошувачката на вода оваа година е зголемена за 15 до 20 проценти.

Тамара Марковска