Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

/

пред 526 дена

Сподели преку :

Најмалку 14 членови на едно семејство загинаа во бомбардирање на камп за раселени лица во Дарфур, во западниот дел на Судан, соопшти денеска локална волонтерска организација, обвинувајќи ги паравоените формации за нападот.

Кампот Абу Шук, кој последните недели повеќепати беше цел на артилериски напади од страна на Силите за брза поддршка, беше бомбардиран синоќа.

„Загинаа четиринаесет судански граѓани, членови на исто семејство, а неколку лица се повредени“, изјавија волонтерите.

Обединетите нации претходно предупредија дека раселените во кампот Абу Шук се соочуваат со глад.

Кампот е дом на десетици илјади луѓе кои побегнале од насилствата во Дарфур и од војната што ја разорува третата по големина африканска земја од 2023 година.

Воените судири за контрола врз власта започнаа во 2023 година, меѓу армијата на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и Силите за брза поддршка предводени од неговиот поранешен заменик, Мухамед Хамдан Дагло.

Нападите во регионот на Дарфур се интензивираа откако армијата ја врати контролата над главниот град Картум кон крајот на март.

Според ОН, во конфликтот досега загинаа десетици илјади луѓе, а 13 милиони беа раселени, што ја прави оваа хуманитарна криза една од најтешките во светот.