Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борбата со пожарот на Готен продолжува – ангажирани се над 100 луѓе

/

пред 457 дена

Сподели преку :

Пожар веќе втора недела беснее на планината Готен. Најкритично е на територијата на општините Радовиш и Берово, каде пламените јазици зафатија висококвалитетна букова шума. Во борбата со огнот се ангажирани над 100 луѓе – припадници на АРМ, пожарникари и вработени во Национални шуми. Од Национални шуми велат дека најголем број луѓе интервенираат во Берово, каде има и специјализирани возила на терен.

„Се прави засек во листењакот што гори и можеме да реагираме со човечка сила. Затоа денес таму со нашите сили се 40 припадници на АРМ со нашите 25 вработени од национални шуми Берово и останатите“ рече Кире Михаилов, заменик генерален директор на Национални шуми.

Екипите на терен вчера спречиле обид за подметнување на пожар во Крива Паланка.

„Вчера доцна попладне од страна на екипите на Национални шуми од Крива Паланка во соработка со екипи на МВР откриле повеќе од 30 расфрлани автомобилски гуми, а помеѓу нив имало и дрвја. Тоа е повеќе од очигледно дека било обид да се направи пожар на отворен простор“ изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Уапсен е и 71-годишен маж кој предизвикал пожари во демиркаписко. Предизвикал два пожара, кај местото викано Горна Лака блиску до Демир Капија.

Повторно гори и дива депонија во Визбегово, во близина на индустриската зона. Ова е втор сериозен пожар на истата локација во помалку од две недели, а голем црн чад се шири нагоре и е видлив од речиси сите населби во северниот и западниот дел на градот.

На повикот за ангажирање луѓе за справување со пожарите се пријавиле нешто помалку од 500. Во скопје биле очекувани 80 кандидати, а се пријавиле 50.

 Тамара Марковска