Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борче Стаменов и Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

/

пред 430 дена

Сподели преку :

Овогодинешната државна награда „Мајка Тереза“ за 2025 година им е доделена на Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Наградата е доделена за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Од Министерството за култура и туризам дополнително соопштија дека Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 26-ти август во 11 часот во Собранието на Република Северна Македонија.