Бошњачкиот демократски сојуз со реакција по посетата на Милорад Додик на Скопје, велат вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоиљковиќ во Владата на Република Северна Македонија оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството кој е на црната листа на САД поради неговите геноцидни политики и корупција.
- Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа Влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти, врз основа кои се осудени одредени лица а со чија глорификација и говор на омраза Додик направи и сеуште ја одржува својата политичка кариера! Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи, се вели во соопштението од Бошњачки демократски сојуз.











