Финансиската помош од САД нема да запре, а одлуката за замрзнување во траење од 90 дена, е само за да може да се направи ревизија за што и колку плаќаат американските даночни обврзници и дали е тоа во склад со курсот на надворешната политика на администрацијата на Трамп, смета аналитичарот Владимир Божиновски. Излегувањето од СЗО не е конечна одлука и веројатно е дека ќе се смени, а воената помош за Украина ќе продолжи но само со цел да се издејствува примирје и прекин на воениот конфликт а не продолжување како што беше целта на претходната администрација во Вашингтон вели Божиновски во разговор за Телма.











