Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

/

пред 522 дена

Сподели преку :

Во вооружен напад што се случил доцна синоќа во израелската населба Брухин на Западниот Брег, убиена бремена жена. Жртвата била пронајдена во автомобил во тешка состојба со прострелни рани, а покрај неа седел 40 годишен маж кој се обидувал да ѝ помогне.

Жената починала од повредите, а нејзиното бебе било спасено откако било извадено од нејзината утроба со царски рез и се наоѓа на интензивна нега.

Претседателот на Израел, Исак Херцог, го нарече нападот „ужасен терористички чин што го потресе целиот народ“, изразувајќи сочувство до семејството и надеж за закрепнување на повредениот сопруг. Израелската војска соопшти дека трага по напаѓачите кои избегале од местото на настанот.