Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Брисел под опсада со трактори, „Евзони“ кон Грција блокиран 4 часа. Земјоделците на ЕУ на улица, министрите на состанок за итни мерки

/

пред 971 дена

Сподели преку :

Празни коловозни ленти и граничари со раце в џеб. Четири часа, точно до напладне грчките земјоделци не дозволуваат никој да ја премине границата Македонија кон Грција. Го запоседнаа автопатот со трактори, комбајни и приколки. Премините кај Дојран и Битола се проодни, а грчките земјоделци блокади поставија и кон Бугарија. Времето го искористија да испратат порака до европскиот парламент да се одврати до намерата на воведување дополнително еколошки забрани со што се прави удар врз земјоделското производство.

Нивните колеги од западно-европските членки на унијата не ја штедеа ниту полицијата, Од рано изутринава ги запоседнаа белгиските улици. Во помал инцидент меѓу земјоделците и полицијата, група демонстранти го проби полицискиот кордон за да се доближи до плоштадот Шуман, кој е центар на протестот. Демонстрантите фрлаа измет, портокали и димни бомби кон полицијата, а еден фармер го покри патот со слама. Некои земјоделци запалија бали со сено и тракторски гуми, а некои фрлаа гуми.

Земјоделците веќе неколку недели водат кампања против, како што велат, престрогите европски еколошки правила и падот на приходите и бараат од Европската унија да се повлече од договорот за слободна трговија, а конкретно денеска фокусот е на договорот Меркосур со јужноамериканските земји кој има за цел да дозволи евтини производи на пазарите на другите.

„Тука сме затоа што европскиот парламент постојано нѐ става настрана, а ние сме игнорирани и слично. Ни сакаме да биде слушната нашата порака откако тие не направија ништо. Една седмица не преземаа ништо и нормално денес тие министрите за земјоделство на ЕУ се собираат да зборуваат за нас, нормално, и затоа сме овде,“ изјави Марике Ван Де Вивере, земјоделка од Гент.

Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за земјоделство на Европската унија. Земјоделците исто така бараат да се регулираат пазарите за да се гарантираат фер и стабилни цени, целосна земјоделска и прехранбена политика за поддршка на агроеколошките практики и прилагодувања на регулативата за азот.

Мислам дека многу европски организации на фармерите се тука. Не само во Белгија, работите се лоши секаде. Време е ЕУ да го земат предвид земјоделскиот сектор. Се разбира, треба да има транзиција, тоа е нормално. Ние сме подготвени но, тоа мора да биде агрономска транзиција. Не транзиција само за да се задоволат неколку привилегирани урбани екологисти во канцелариите, тоа не може така, изјави Јоаким Хост на денешниот протест.

А, додека Брисел дискутира што ќе прифати, а што ќе одбие од барањата на земјоделците, грчките здружени фармери инсистираат секој блок посебно да си ги одреди своите чекори во имплементирање на идни земјоделски политики.

Павле Беловски