Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британски Ф-35 принудно слета на аеродром во Јапонија

/

пред 433 дена

Сподели преку :

Британски борбен авион Ф-35 денеска изврши принудно слетување на аеродромот во Кагошима, југозападна Јапонија, поради технички дефект.

Според аеродромските власти, инцидентот се случил во 11:30 часот, по што пистата била затворена околу 20 минути, што предизвикало мали доцнења на комерцијалните летови.

Авионот бил дел од заедничка воена вежба на британските вооружени сили со јапонските и американските воени сили, која започна на 4 август и ќе трае до следниот вторник.

Вежбата има за цел унапредување на безбедносната соработка во регионот на Индо-Пацификот.

Јапонските власти соопштија дека инцидентот нема да влијае на текот на воената вежба и дека се преземени сите потребни мерки за безбедност.