Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британски пациент беше позитивен на коронавирус 411 дена и, конечно, е излекуван

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

Првиот позитивен тест го доби во декември во 2020 година и 411 дена оттогаш беше боледуваше од ковид-19, но успеа да ја добие битката со вирусот кој две години го затвори светот и да преживее, пишува „Скај њуз“. Британец на возраст од 59 години, поради ослабен имунолошки систем по трансплантација на бубрег, не можеше глава да крене од коронавирусот.

И покрај губењето на симптомите, тој постојано беше позитивен и за лекарите во болниците во Лондон е единствен документиран случај за кој знаат дека излекуван по толку долга инфекција.

Тие користеле генетска анализа за да утврдат дека 59-годишниот пациент сè уште е носител на рана варијанта на изворниот сој на вирусот, оној кој алфа, делта и омикрон одамна го минаа во општата циркулација. Дури по детектирање на варијантата, тие можеле да го лечат со Регенерон, коктел на лекови кој му помогна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и успеаја.

Истиот тим лекуваше и пациент кој, за жал, почина, откако 505 дена беше позитивен на тестови за ковид-19. Случаите на трајна инфекција се разликуваат од оние на долг ковид, кога пациентот има симптоми со месеци, но не е позитивен.

Лекарскиот тим повика на допопнителни истражувања на третманите со антитела за упорните случаи на коронавирусот. Активистите, пак, предложија новиот лек „Евушелд“ да биде достапен во Европа и во Велика Британија.