Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

/

пред 522 дена

Сподели преку :

Дваесет и шест пратеници од британскиот Парламент побараа радикална промена на надворешната политика на Обединетото Кралство кон Србија, поради присуството на претседателот Александар Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај.

Пратеничката Ема Левел на платформата „Х“ објави дека испратила писмо до министерот за надворешни работи, потпишано и од други 25 пратеници.

Во писмото се изразува загриженост за продлабочените врски меѓу Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, особено во контекст на тоа што Србија, како земја-кандидат за ЕУ, сè уште не вовела санкции кон Русија.

Пратениците го обвинуваат Вучиќ и за обиди за дестабилизација на Косово и Босна и Херцеговина, како и за поддршка на ултранационалистички идеи.

Тие исто така посочуваат на демократскиот застој во Србија, напади врз медиуми, опозицијата и граѓанското општество, како и распространета корупција што предизвикала масовни протести.

Британските пратеници бараат целни санкции против Вучиќ и неговите соработници, како и дипломатски напори за поддршка од меѓународни партнери.

Тие ја изразуваат својата поддршка за граѓаните и студентите кои протестираат во Србија во борбата за демократија и подобра иднина.